Машко е првото бебе родено во кавадаречката болница во Новата Година
Семејството Ганчеви од село Криволак утринава во 5.25 часот ја добија првата рожба. Нивното бебе е прво родено во 2018 година во кавадаречката болница. Мајката Сања Ганчева на свет донесе здраво машко бебе тешко 3850 грама со должина од 52 сантиметри.
Денеска во посета на гинеколошко акушерскиот оддел беше градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој и предаде скромен подарок на мајката, а подарок мајката на првото бебе во 2018 година подарок доби и од директорот на болницата д-р Диме Коцев.
„ Би сакал да им ја честитам првата рожба на родителите. На мајката да и поскаам побрзо закрепнување, а на бебето среќно и безгрижно детство. Актот на породување е комплетно под контрола на колегата гинеколог-акушер од клиниката за гинекологија од Скопје кои се наоѓаат во нашата болница“ рече д-р Коцев.
„Сакам да ја честитам новата година за сите граѓани. На првото новороденче да му посакам успех, среќа, здравје и да живее со своите родители. Ние сме регионална болница и првото новороденче е од Неготино и тоа треба да ни биде гордост што имаме регионалана болница која со текот на времето треба да се шири. Тука сме да дадеме една симболична подршка и и да се зголемува наталитетот“ рече градоначалникот Јанчев.
Тој нагласи дека општина Кавадарци има на сила мерка за стимулација на наталитетот. Се исплаќаат по 6000 денари за секое новороденче.
Началникот на гинеколошко акушерскиот оддел д-р Бранко Поповски информира дека 2017 година завршила со 417 породувања.
„Минатата година имаме 417 породувања од кои 213 машки а 204 женски. Значи доминираат машките со 17 повеќе. Направени се 68 царски резови, имаме 2 близначки породувања. Честитки за првото новородено. И мајката и бебето се во одлична состојба. Имаме уште една пацента која е во сала и во тек на денот ќе се заврши породувањто“ рече д-р Поповски.
Aнгел Данов