Нов производ од палетата на Кожувчанка
Кавадаречката компанија „Кожувчанка“ на пазарот се појави со уште еден нов производ. Станува збор за минерална вода „Кожувчанка“ со вкус на лимон во пакување од половина литар.
„Кожувчанка ДОО, како компнанија, во Република Македонија, важи за една од компаниите што секогаш ги следи светските трендови, се надградува и подобрува во поглед на квалитет и новитети. Кожувчанка, како бренд, покрај пакувањата од 1,5L , 1L и 0,5L во ПЕТ амбалажа и 0,25L во стакло, на пазарот е присутна и со 1,5L со арома на лимон, а сега, како проширување на палетата се приклучува и новата амбалажа од 0,5L со арома на лимон“ информираат од компанијата и порачуваат до сите свои потрошувачи да уживаат во нивната квалитетна вода која ја носи и наградата “Best Buy-Macedonia”, како производ со најдобар сооднос на квалитет и цена во Р.Македонија.