Експлозија во електро мрежата го остави Кавадарци без струја
Објавено на 3 април, 2018 во 12:36
Еден час и дваесет и пет минути Кавадарци денеска беше без електрична енергија.
Според информациите од ЕВН Македонија, прекинот во електро снабдувањето настанал поради експлозија во електро мрежата, а целото градско подрачје беше без електро напојување.
По отстранувањето на проблемите, во 14.25 часот снабдувањето со струја е нормализирано.
А.Д