Спроведена акција за справување со глодарите
Во 930 шахти од канализационата мрежа во Кавадарци се поставени 3650 мамци за сузбивање на штетни глодари, информираа од прес службата на општина Кавадарци.
Ваквата акција за дератизација е извршена по теренските согледувања од епидемиолошкото одделение при Центарот за јавно здравје Кавадарци и по пријавата на граѓани и организации дека годинава бил значително зголемен бројот на глодари.
„ Дератизацијата беше извршена од стручни лица при Центарот за јавно здравје и екипа на ЈП Комуналец, на ревизиони шахти на канализациона мрежа и колектори на територијата на Кавадарци. При дератизацијата беа користени родентицидни мамци ББ блок мамец од групата на биоцидни производи кои се користат за сузбивање на штетни глодари од комунална хигиена, здравство и земјоделие“ информираа од прес службата на општина Кавадарци./А.Д