Тешко повреден тракторист
Објавено на 27 април, 2018 во 08:37
Шеесет и шест годишниот В.Ј од село Сирково вчера околу 7 часот се здобил со тешки повреди, откако го прегазил тракторот кој го управувал.
При обид да ја закачи товарната приколка на неговиот трактор марка „ИМТ 533“, во нива лоцирана во непосредна близина на село Сирково, изгубил контрола над тракторот и истиот почнал неконтролирано да се движи, паднал од него по што бил прегазен од истиот и се здобил со тешки телесни повреди.
„По укажаната лекарска помош во Општа болница – Кавадарци поради карактерот на повредите е пренесен на лекување во Клинички центар – Скопје. Увид на местото на настанот изврши екипа од полициската станица во Кавадарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./A.Д