Нов производ од Кожувчанка – „Изворска спорт“
Како успешна македонска компанија, „Кожувчанка“ од Кавадарци секогаш ги следи светските трендоци, се надградува и подобрува во квалитетот и новитетите.
Брендот Изворска – во еко амбалажа, е со чист, едноставен дизајн, а решението за ребреста амбалажа ја прави лесно рециклирачка за секој корисник.
Изворска, како бренд, покрај пакувањата од 1,5L , 1L, 0,5L, 6L и 10L во ПЕТ амбалажа и 0,33L во стакло, на пазарот сега е присутна и со новата амбалажа од 0,75L ИЗВОРСКА СПОРТ.
Како што информираат од „Кожувчанка“ , ИЗВОРСКА СПОРТ од 0,75L има капаче во форма на цуцла, за комплетно спортско уживање и за сите генерации.
Водата е полнета од најчистиот предел, локалитетот Васов град – Кожуф планина, додека компанијата Кожувчанка со нејзините производи е синоним за традиција и квалитет!
Изворска, од природата, за природата!