Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

izvor Lukar stara reka

Со подобрувањето на временската состојба  и со превземените мерки од страна на Центарот за јавно здравје и ЈП Комуналец, водата од градскиот водовод е исправна за пиење.

„Во изминатите денови се вршеше зголемено хлорирање на водата од Лукар. По земените мостри и направените анализи утврдивме дека водата за пиење е исправна и нема потреба од претходно провривање“ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

Тој нагласува дека препораката за задолжително провривање е тргната, како за жителите на Кавадарци, така и за жителите на Неготино и Росоман, кои исто така со вода за пиење се снабдуваат од Лукар.

Поради обилните врнежи кон крајот на  минатата недела, повторно беше заматена водата од изворот Лукар и од Центарот за јавно здравје веднаш алармираа водата пред пиење задолжително да се проврива.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinetta 2019 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.