Повредено лице во сообраќајка на патот кај селото Марена
Објавено на 6 август, 2018 во 08:22
Едно лице e повредено синоќа пред полноќ откако „ауди“ излетало од регионалниот пат Неготино-Кавадарци, во кавадаречкото село Марена, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Се работи за патнички автомобил марка „ауди А3“ со неготински регистарски броеви и управуван од Р.Ч. (31) од Неготино, рече Додевски.
Повредениот возач бил однесен на лекување во Клинички центар во Скопје.