Лозарите до Свети Трифун ќе ги добијат дополнителните субвенции
До празникот Свети Трифун, кога практично започнуваат лозарските работи од новата производна сезона лозаропоризводителите кои го продале грозјето во домашна винарија ќе ги добијат дополнителните субвенции од 1 денар за килограм. Ова го потврди премиерот Зоран Заев, одговарајќи на пратеничко прашање од Панчо Минов.
Пратеникот Минов смета дека тоа е задоволителен рок за лозаропроизводителите
„Ми беше одговорено дека не може субвенциите да се исплатат до нова година, од причина што сеуште се аплицира. Ветување е дека до 14 февруари ќе биде завршена исплатата. За нашиот лозарски крај тоа ќе значи многу“ вели пратеникот Минов.
Откако производителите на грозје добија ветување за исплата на субвенциите, за нив сеуште проблем е исплатата на долгот од визбите. „Стефан вајнари“ им доли 400 илјади евра, но сопственичката на оваа винарија ја развлекувала пред стечајната постапка.
Пратеникот информира дека се прават напори пари да добијат и лозарите кои грозјето го предале во неготинската винарија „Повардарие“ во 2015 и 2016 година и во „Стефанс вајнари“.
„Ми беше ветено дека лично премиерот, преку министерот за земјоделство ќе се ангажира. И целта е да се најде солуција Повардатрие да ја исплати 2016 година за која долгот е од 100 илјади евра, а долгот за 2015 да се исплати по добивањето на субвенции од државата“ нагласи Минов.
Најдоцна до 25 декември годинава, лозарите кои грозје предале во домашните винарии е потребно да аплицираат во подрачните единици за дополнителните субвенции./A.Д