УЈП ќе каже дали пензионерите ќе се регистрираат за е-даноци
Во текот на денешниот ден, четврток 22 ноември, УЈП ќе презентира решение со кое ќе се знае дали пензионерите ќе бидат обврзани да се регистрираат во системот за е-даноци. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска го кажа ова во Кавадарци и информира дека досега една третина од даночните обвзници ја завршиле регистрацијата за персонален данок.
„Бројките се менуваат од ден во ден. Досега имаме околу една третина на регистрирани физички лица. Очекуваме дека тој број ќе биде поголем. Имаме мобилни тимови низ сите даночни обврзници независно дали се големи мали или средни. Ги посетивме сите министерства. Отворивме канцеларии во дел од единиците на локалната самоуправа. Таму каде што нема отворено допрва ќе отвораме. Ќе работиме и сабота и недела доколку е потребно се во интерес на граѓаните“ рече директорката Лукаревска./А.Д