Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

104533Војници од Армијата на Република Македонија со свои колеги од САД денеска на армискиот полигон Криволак изведоа заедничка воена вежба. Уште еднаш македонските војници покажаа дека можат рамо со рамо да учествуваат во вакви интервенции.

Беа  демонстрирани вежбовни активности со боеви гаѓања од пешадиско вооружување со артилериска поддршка, како и летачки активности со хеликоптери. Вежбовните активности на полигонот продолжуваат од американските војници до 23 март.

„Ова вежба е здружена вежба помеѓу нашата армија, односно  единици на нашиот баталјон и американската армија. Ние учествуваме со две  минофрлачки одделенија 120мм. Вежбата е реализирана со боева муниција. Нашите две минофрлчачки одделенија со припадници на американски минофрлачки одделенија извршија огнена поддршка на пешадиска американска единица“ изјави заменик  командантот  на вториот баталјон во првата бригада на АРМ, мајор Горан Шутевски.

Тој додаде дека при оваа вежба е констатирано  дека нашите процедури се компатибилни со американските и со НАТО  силите.

Ова е втор пат како армискиот полигон „Криволак“ го демонстрира својот капацитет за изведување на обука и гаѓања со воздухоплови од страна на воените сили  на САД.

„Отпочнуваме еден подинамичен план за користење на армискиот полигон  Криволак за ваков вид на вежби,  кои во суштина се состојат од артилериски гаѓања и гаѓање од воздухоплови  со хеликоптери од типот блек хок, со што ние се потврдуваме како партнери,  односно рамноправни партнери и идни членки на НАТО  дека можеме да учествуваме во ваков тип на поддршка на вежбовните активности на сојузничките сили во случајот тоа е армијата на САД“ рече портпаролот на ГШ, Тони Јаневски. и најави дека денешната вежба е некој вид подготовка за големата воена вежба што во почетокот на јуни ќе биде изведена повторно со американски војници на Криволак./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново