Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

nikolovski

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје oд 2014 година до  2016 година. Во списокот на винарски визби кои за посочениот период имаат долг кон лозарите спаѓаат и винарниците „Повардарие“ и „Стефанс винарија“, и сите други винарски визби кои што во истиот период биле регистрирани како винарници во регистарот на МЗШВ. 

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски посочи дека целата постапка во делот на измените на Законот за земјоделство и рурален развој и Програмата за директни плаќања 2019 година се направи на почетокот на годината, со што се исполни и правниот основ за државата да ги обештети лозарите, кои имаат побарувања за предаденото а неплатено грозје.

„Направивме една проактивна одлука со вклученост на градоначалниците од Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија, пратениците од овој регион, лозарите. Се одржаа многу средби и со претставниците на винарските визби кои го откупиле а не го платиле грозјето , се со цел да се најде соодветно решение. Нашата цел е лозарите да имаат сигурност во плаќањето, да знаат дека предадениот род ќе им се плати. Изминатиов период Државниот инспекторат за земјоделство и Платежната агенција беа интензивно ангажирани на обработка на податоците и се посветија на побрза обработка на решенијата, со цел лозарите побрзо да бидат обештетени. Согласно тековните исплати, над 2.000 субјекти ги добија  парите во вкупен износ од 77 милиони денари“, изјави министерот Николовски.

И директорот на платежната агенција, Николче Бабовски рече дека исплатата што денеска се реализира е за одлука донесена од пред распишување на изборите.

„Агенцијата, од кога сме ние на власт, овие две години да навремено стигаат субвенциите до корисниците на субвенции и тоа не селективно во еден ден за секоја мерка. Според програмата на агенцијата  прво се исплаќаат основните мерки, во меѓу време додека тече таа исплата, бидејќи тоа се премети претходно сработени оди  обработката на податоците на дополнителните, интервентните мерки, и затоа и почитувајќи го изборниот процес ние исплаќаме се што е основно“ рече директорот на платежната агенција, Николче Бабовски.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев кој претходно беше вклучен во процесот на изнаоѓање начин да се исплатат лозарите, рече дека со денешната исплата е исправена една неправда кон лозарите.

„ Се исправи една неправда каде 200 семејства очајно ги чекаа тие средства, на некој начин беа изморени од чекањето. Се надеваме дека во иднина нема да се случуваат вакви натрпуани долгови ви нема да се откупува без да се плати. Парите кои сега ги земаат, лозарите претходно ги имаат потрошено во некоја инвестиција“ рече Јанчев.

Лозарите долго чекаа на овие пари. Им беше ветено дека ќе ги добијат до крајот на февруари, но тоа се случи сега, со задоцнување од еден месец. Ветените доплонителни субвенции од 1 денар по килограм предадено грозје во домашни винарии, министерот рече дека ќе се исплатат по завршување на изборите./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново