Водата од Тиквешко Езеро исправна за користење
Исправна е за капење и наводнување на земјоделските површини водата од вештачката акомулација Тиквешко Езеро, потврдија денеска од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
Хемиски и бактериолошки водата одговара на втора и прва категорија.
„Согласно на годишниот план за работа, мостри за испитување земаме од две мерни места, кај хидроцентралата и во месноста ,,Пумпа” во Ресавски залив. Анализираната вода, според матноста, спаѓа во петта категорија, а по сатурација, во четврта. Мострите покажуваат вода од трета класа според биолошка потрошувачка на кислород“ информира д-р Трајче Ризов, раководител на Центарот за јавно здравје.
Тој напомена дека од анализите се заклучува дека водата отстапува од толерираната втора класа во параметри, кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.
А.Д