Седум нови случаи на ковид 19 во Тиквешијата
24.11.2020
Седум случаи на корона вирус се дијагностицирани во центарот за јавно здравје Кавадарци во изминатите 24 часа заклучно со денес до 13.30 часот.
Тројца позитивни има во Кавадарци на возраст од 37 до 52 години. Во Неготино четворица на возраст од 49 до 84 години
„Во Неготино има позитивно дете од градинка поради што во изолација се 6 деца, 1 негователка и 1 воспитувачка“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Вчера во Кавадарци беа регистрирани 15 оздравени пациенти, а во Неготино 6. Според извештајот на ИЈЗ, во Кавадарци од почетокот на пандемијата има дијагностицирано вкупно 1059 позитивни, а во моментов активни се 440 случаи. Во Неготино има активни 287.
Од општа болница Кавадарци информираа дека на ковид одделот се згрижени 44 пациенти со средно-тешка клиничка слика, во стабилна општа состојба.
Ангел Данов