Еден починат и уште 45 нови ковид позитивни во Тиквешијата
24.12.2020
Уште двајца здравствени работници oд Кавадарци се меѓу новите 45 позитивни случаи на корона вирус во Тиквешијата дијагностицирани во изминатото деноноќие.
„Во Кавадарци има 29 нови, двајца во Росоман и 14 во Неготино. Нивната возраст е од 13 до 77 години. Починато е едно лице од Кавадарци на 56 години на скопските клиники“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во Кавадарци активни се 569 случаи на корона вирус од вкупно евидентирани 1960.
Во Неготино од вкупно 949, активни 344 (150 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).
Вчера ИЈЗ евидентира 2 оздравени во Кавадарци и 1 во Неготино.
„Во тек на вчерашниот ден на ковид одделот се хоспитализирани нови тројца пациенти. Во моментов таму на лекување се 39 пациенти во стабилна општа состојба.
Ангел Данов