Напредуваат градежните работи за реновирање на храмот Свети Димитрија во Кавадарци. Таму денеска се изврши осветување на двата крста кои ќе бидат поставени на храмот.

На градскиот плоштад во Кавадарци денеска Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во рамки на отворениот ден им ја доближи на идните студенти понудата за студирање.

Половина час денеска на пладне земјоделци од Тиквешијата го блокираа патот Градско – Прилеп кај Росоман. Тие како што рекоа, излегле на предупредувачки протест. Ако не им се исполнат барањата во најкратко време, се заканија дека протестите можат да ги радикализираат. Обвинија дека се заборавени од државата. Принудени се да преживуваат без пари, без исплатени субвенции и реколта се приморани да го одржуваат производниот процес и од новата реколта, но повеќе немале ниту трпение, ниту пари за да работат.

Во периодот од 12 до 13 часот земјоделските производители од Тиквешијата преку протест и блокада на патот Градско - Прилеп кај Росоман ќе го изразат својот револт поради неисплатените субвенции.

Лозарите и овоштарите во шок по мрзнењето кое се случи на лозовите и овошните насади деновиве. Сеуште се прават проценки колку штети направија ниските температури. Ова е второ мрзнење годинава.

Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски ја посети Тиквешијата и изврши увид во овошните насади оштетени од пролетните ниски температури.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново