Здравствените работници од ЈЗУ Општа болница Кавадарци денеска го одбележаа светскиот ден на здравјето. Годинава одбележувањето е под мотото „Да го победиме дијабетот“.

Денеска на пладне во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци била пријавена сообраќајка после бензинската станица кај росоманското село Сирково. Во сообраќајката која се случила во 12 часот и 10 минути, учествувале товарно моторно возило и патнички автомобил. Според првичните сонзанија од терен, возачот на товарното моторно возило е повреден и пренесен до кавадаречката општа болница, соопшти портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.

Јајце со црвена боја е снесено во живинарската фарма „Лаки“ во селото Паликура. Сопственикот на фармата, Савка Милкова вели дека ова несекојдневно јајце е забележано од страна на вработените при проверката и сортирањето на јајцата во живинарската фарма.

Невладините организации ќе добијат свои простории во регионалниот центар за подршка на граѓанскиот сектор кој денеска беше отворен во Кавадарци. Проектот што општина Кавадарци го реализира преку Вардарски плански регион стигнува до финиш. Градежните работи на објектот завршија, а денеска со УНДП се потпиша и договор за набавка на мебел и опрема за центарот.

Лицата со посебни потреби од Кавадарци од денеска имаат полесен пристап во општинската зграда. Станува збор за проект кој го реализира Вардарски плански регион со подршка на УНДП, а се стави во функција во рамки на третиот ден на партнерства на Вардарскиот плански регион.

Таблата  на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во селото Сопот на вториот кат од селската амбуланта ги раскара ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозицијата обвини дека не е дозволено партиски штаб да биде лоциран во јавна институција. Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека вториот кат од амбулантата бил издаден под наем и истата ја поставило приватно лице.

Поврзани вести

 

Најново