fondacijaПо повод верскиот празник св.Никола, фондацијата „Никола Јанчев“ денеска на свеченост во компанијата „Кожувчанка“  додели десет стипендии на талентирани студенти од Кавадарци. Девет месеци студентите ќе добиваат по 8.000 денари.

g2Во кавадаречкото село Возарци денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев,  ја отворија детската градинка. За простор на градинката е искористен стар напуштен објект којшто е целосно реновиран и прилагоден за потребите на згрижување и воспитание на децата.

makraduli jancevАко неготинци на референдум се изјаснат против депонија ќе се почитува нивната одлука – рече денеска во Кавадарци заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Нагласи дека предметот околу депонијата се разгледува и од државното правобранителство.

mojopstinarПроектот „Мој општинар“ кој за прв пат започна да се реализира во Кавадарци, пред две години, а беше дел од изборната програма на градоначалникот Митко Јанчев ги дава очекуваните резултати, посочи Јанчев на денешната прес конференција.

vaskoВо 46-та година од животот вчера почина Васко Чукарков, сопственик на Радио „Галакси“ Кавадарци и претседател на Асоцијацијата на локални радија на Македонија. Чукарков целиот свој живот го помина како медиумски работник, посветен на радиото. Беше познат како ди-џеј Бозо.
 
 
Погребот е денеска на градските гробишта во Кавадарци од 14 до 15 часот.

 
Почивај во мир, драг колега

79545327 2578083025749076 3815784250121125888 nОпштина Кавадарци денеска согласно важечката законска регулатива изврши обележување со известување за вршење на видео надзор на сите локации каде се поставени камерите во рамките на повикувачкиот центар.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново