Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mobilentim fin

Мобилниот тим е формиран во неделата, на 15 март, поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот.

Секој граѓанин од овие ризични категории со потреба од помош при набавка на потребни лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена ќе може да се јави секојдневно на телефонски броеви: 078/ 235-136, 071/ 586-656 и 032/458-458.

Според Зоранчо Трајчев, кој е еден од тројцата вклучени во Мобилниот тим на Општина Лозово, штом биде примено барањето преку телефон ќе биде упатено лице од мобилниот тим во домот на повикувачот за да ја прими нарачката и парите со кој ќе се набават потребните продукти за потоа да ја достави до нарачателот кому ќе му биде испорачана и фискалната сметка./У.Ј

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново