Неготинци натепале мигрант за пет евра и мобилен телефон
Објавено на 2 февруари, 2016 во 12:33
Тројца полнолетни Неготинци нападнале и ограбиле економски мигрант од Ирак пред пет дена во близина на железничката станица Демир Капија. Тогаш на пријавените А.С. (21), Х.Ч. (18), А.Д. (18) им помогнале и тројца малолетници на возраст од шеснаесет години. Сите тие го нападнале Ирачанецот и насилно му пет евра и мобилен телефон.
Случката била пријавена во полициската станица од општа надлежност во Неготино. Полицијата превзела мерки и ги открила напаѓачите. Поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „разбојништво“ против шестмината напаѓачи е поднесена кривична пријава./У.Ј