Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Две жени од Велес, триесет и пет годишната А.Н. и триесет и две годишната Л.Б. се здобиле со телесни повреди додека се возеле во автобус со кој патувале на работното место до кавадаречката фирма „Дрекселмајер“ вчера околу 14.30 часот. Сообраќајката се случила на регионалниот пат Кавадарци - Росоман. На двете работнички им била укажана лекарска помош по што биле пуштени на домашно лекување.

Во сообраќајната несреќа учествувале двата автобуси на фирмата превезувач „Екстра бус“ од Кавадарци поточно еден од марката „Сетра“ управуван од четириесет и две годишниот С.И и вториот од марката „Мерцедес“ управуван од триесет и шест годишниот Б.Р. како и товарно моторно возило марка „Форд транзит“ со скопски регистарски таблички управувано од тиесет и две годишниот скопјанец А.А.

Според работниците кои се возеле, првиот автобус удрил во товарното возило а потоа во него удрил вториот автобус. Освен полесно повредените за среќа нема тешко повредени работници на кавадаречки „Дрекселмајер“.

Увид на местото на настанот изврши екипа од полициска станица во Кавадарци. Утврдена е причинета материјална штета на моторните возила. До незгодата е дојдено поради недржење безбедно растораније од едно до друго возило од страна на возачите, соопштија денеска од СВР Велес./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

 

Најново