За криумчарење на мигранти осум дневен притвор за двајца велешани
Обид за криумчарење на мигранти спречила неготинската полиција во неделата. На наплатната станица „Градско“, полицијата го запрела товарното моторно возило марка „Форд Транзит“ со скопски регистарски таблички што го управувал дваесет годишниот Т.А. од Велес.
При претрес на возилото полицијата открила 26 илегални мигранти. Тројца од нив биле од Паклистан, тројца од Иран и дваесетина од Мароко. Мигрантите заедно со возачот се приведени во полициска станица во Неготино. Против впзачот е поднесена кривична пријава за криумчарење на мигранти, а судија на претходна постапка му одредил и мерка притвор во времетраење од осум дена. Мерка притвор во траење од осум дена одредена му е и на триесет и едногодишниот М.Ѓ. од Велес поради сомнение дека криумчарел мигранти. Во обид нелегално да пренесе тој бил фатен од страна на Граничен реон „Југ“.
За криумчарење на мигранти се товарат и двајца жители на велешките села Сливник и Бузалково. Дваесет и пет годишниот М.М. од Сливник во камион превезувал 33 мигранти, додека дваесет и деветгодишниот С.М од Бузалково е фатен како превезува седуммина мигранти во неговиот автомобил./Д.С