Четврта крводарителска акција на подмладокот на ВМРО ДПМНЕ Велес
На еден час пред истекот на крводарителската акција што традиционално ја организира Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ заедно со Црвен крст, крв дарувале седумдесесетина хумани граѓани на Велес. Организаторите очекуваат и овој пат да ја исполнат бројката од над стотина собрани крвни единици.
„Како тече акцијата задоволни сме од присутноста и вклученоста на хуманите граѓани на Велес . До завршувањето на крводарителската акција се надеваме дека ќе ја исполниме онаа замислена бројка од над стотина крвни единици“, рече Живе Катранџиев, УМСМ Велес.
Инаку ова е четврта крводарителска акција организирана од младите сили на ДПМНЕ, по повод годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Тие се надеваат дека следниот пат крводарителската акција ќе биде уште поуспешна и ќе ја достигне бројката од 2013 година кога биле собрани 180 крвни единици./Д.С