Кривична за злоупотреба на службена положба за поранешен претседател на инвалидски пензионери во Велес
Седумдесет и осум годишниот П.П.од велешкото село Еловец заработи кривична пријава затоа што ја злупотребил службената положба и го оштетил буџетот на Здружението на инвалидски пензионери за околу илјада и сто евра.
Осомничениот додека бил претседател на Здружението, од буџетот со кој располагал незаконски си присвоил пари за себе а им давал различни суми на пари и на други членови по основ на плата и аванс во вкупен износ од шеесет и осум илјади денари. Тоа го правел без претходно донесена одлука од страна на извршниот одбор и на тој начин постапил спротивно на статутот на Здружението и го оштетил буџетот.
Против него СВР Велес поднесе кривична пријава поради сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“./Д.С