Средношколците се едуцираат за родова рамноправност
Фондација Елена Лука со низа едукации на теми род и родова рамноправност, дискриминација и родово базирано насилство. Група ученици од втора година од средното стручно училиште Коле Неделковски во Велес денеска беа целната група на фондацијата. Тие се запознаа со основните концепти на родот и развојот како и со целите на проектот.
„Целта на проектот е да самите ученици делуваат во своите средини , микросредини и потоа на ниво на поширока заедница и тоа во насока на намалување на родовата нерамноправност, спречување на диксриминација и спречување на родово базираното насилство. Тоа ќе бидат циклус обуки кои што ќе се спроведуваат и ќе бидат од областа човекови права“, рече Благородна Шопова од Фондација Елена Лука.
Во проектот се вклучени осум општини во земјава, а едукациите ќе се спроведуваат на истата целна група од почеток до крај на проектот./Д.С