(ФОТО) Верниците го одбележаа Христовото Воскресение во Соборниот храм „Св. Пантелејмон“ во Велес
Објавено на 1 мај, 2016 во 00:13
Стотици верници ноќва беа присутни во дворот и во Соборната црква „Свети Великомаченик Пантелејмон“ во Велес и присуствуваа на одбележувањето големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Со богослужбата, во велелепното здание на црквата, чиноначалствуваше митрополитот Повардарски, Господин Агатангел.
Внатре и надвор во дворот имаше голем број на деца, родители и претежно млади граѓани.
Во соборната црква, на Втор ден Велигден во понеделник, ќе се служи утрена со Златоустова литургија која ќе започне во 8.30 часот исто како и во вторник, Трет ден Велигден.