Со песни и ора се дружеа пензионерите од Повардарието во Велес
Во организација на Здружението на пензионери од Велес, во салата на „Бели Мугри“ се одржа годинeшната ревија на песни, музика и игри од Повардарскиот регион. На оваа традиционална културна манифестација настапија Здруженијата на пензионери од Гевгелија, Валандово, Богданци, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Лозово и Велес кои пред љубителите на фолклорот се претставија со изворни песни, музика и игри од нивните градови. Беа испеани песни за љубовта, грозјето, ракијата, виното, жетвата, за саканото либе, за веридбите, свадбите.
На ревијалниот натпревар покрај првите луѓе на Здруженијата од градовите од Повардарието присуствуваше и Драги Аргировски, претседател на Здружението на пензионери на Република Македонија.
Учесниците на годинашната ревија се претставија со најдобри песни и игри, а ги оценуваше стручна комисија. Кој ќе биде прогласен за најдобар ансамбл, кој понатаму ќе учествува на Републичките фолклорни натпревари, ќе се знае за една седмица, инфрмираа од Здружението на пензионери од Велес.
Инаку, покрај музичкиот дел, пензионерите од градовите од Повардарието поминаа неколку часа на заедничко дружење./С.А