Стојанова Богоевска: „Граѓани не информираат дека Александар Колев за лични и партиски потреби го користи службеното возило Citroen C3, во сопственост на општина Велес“
„Граѓани на Велес не информираат дека актуелниот Претседател на Советот на Општина Велес и Претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ, Александар Колев и сегашен носител на листа на кандидати за членови на совет ја злоупотребува службената должност и без срам, за лични и партиски потреби го користи службеното возило Citroen C3, во сопственост на општина Велес,“ рече кандидатката за член на Советот на Општина Велес, Весна Богоевска Стојанова во изјава за медиумите.
– Граѓани на Велес не информираат, дека, со службеното возило Колев постојано патувал во Скопје додека специјализирал на медицинскиот факултет, но многу често автомобилот бил забележан паркиран и пред влезот на зградата во која тој живее. Граѓаните информираат дека наместо за потребите на локалната самоуправа и строго наменски за извршување на работните задачи, Колев службениот автомобил го користел како свој личен имот и тоа пред очите на велешката јавност. Граѓаните говорат дека, во текот на пред изборната кампања, општинската зграда е „окупирана“, од партиски активисти на ВМРО ДПМНЕ и наликува на партиски штаб и дека таму очигледно се кова црната кампања против нашиот кандидат за градоначалник и листата на кандидати за советници, како и активностите за манипулација и измами на изборниот ден, рече Богоевска Стојанова.
Таа додаде дека ваквото однесување немало да помине неказнето и дека во недела, на 15 октомври граѓаните ќе одберат Градоначалник и советници кои посветено ќе работеле за доброто на сите жители на Велес и велешко. /У.Ј