Чадиев: Социјалната заштита има значајно место во изборната програма „Нова ера за Велес“
Помош за социјално загрозените семејства, кои живеат на работ на егзистенцијата преку посебна мерка поточно ослободување од плаќање на сметки за вода и комунални трошоци за социјално загрозените семејства и лицата со посебни потреби и отпишување на утужен долг денеска најави Славчо Чадиев, кандидат за Градоначалник на коалицијата „Нова ера за Велес“ предводена од ВМРО ДПМНЕ.
– Веднаш по добивањето на мандатот од граѓаните, на првата работна седница на Совет на Општина Велес ќе предложам посебна точка за оваа мерка и заедно со новото советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата истата ќе ја усвоиме. Имаме план како сето тоа да го спроведеме и ќе го спроведеме. Ќе се формира комисија која, по однапред утврдени критериуми, точно ќе го определи целиот опфат на корисниците на мерката за ослободување од плаќање на сметките за вода и комунални трошоци и отпишување на утужениот долг спрема ЈКП Дервен. Врз основа на податоците од нашата досегашна соработка со Центарот за социјална работа, од оваа наша нова мерка корист можат да имаатдо 1 000 домаќинства од нашиот град, рече Чадиев.
Тој додаде дека со оваа мерка сметаат дека тоа е најефикасниот начин, без долгови, во иднина овие категории на граѓани да започнат да напредуваат, а не да стојат во место.
Исто така според Чадиев и социјалната заштита има значајно место во изборната програма „Нова ера за Велес“. Доколку тој и кандидатите за членови на Советот на Општина Велес ја добијат довербата од велешани во наредниот четиригодишен мандат ќе ги реализираат следните проекти: реконструкција, адаптација и пренамена на зградата на поранешнот ОУ ЈХК Џинот во Центар за лица со посебни потреби и детскаградинка, нови детски градинки, отворање на дневен центар за стари лица, изградба на пристапни патеки за хендикепирани лица, обезбедување пункт за бездомни лица, реконтрукција и оплеменување на дворното место во дневниот центар за лица со ментална и телесна инвалидност, промовирање и јакнење на улогата на Локално економски социјален совет и Клуб за поддршка на лекувани алкохоличари/У.Ј