(ВИДЕО) Коцевски: Ја издржав најцрната кампања што се водела во Македонија за кандидат за градоначалник
Кандидатот за градоначалник на Велес, Аце Коцевски на коалицијата предводена од СДСМ на денешната завршна прес конференција прво го анализираше текот на предизборната кампања кога рече дека е задоволен од успешната кампања, од масовниот прием кај граѓаните, од взаемната позитивната енергија, од нивните стотици прашања и предлози. Потоа им се обрати на граѓаните на Велес велејки им да излезат и да гласаат и притоа да не се плашат да го дадат својот глас за промени на локалните избори. На крајот тој ја побара поддршката на велешани во недела на 15 октомври со заокружување на редниот број 19 за Градоначалник и за Листата со кандидати за Советот на општина Велес од коалицијата предводена од СДСМ.
Во видео снимката е обраќањето на Коцевски:
{vembed Y=Bp1rB7lHMRc}