Завршија дозите на вакцини против сезонски грип во Велес
Нема повеке вакцини против сезонски грип во градот. Од Центарот за јавно здравје соопштија дека годинава добиле 800 вакцини, вакцинацијата почна на 18 овој месец и за само два дена сите вакцини се потрошени.
– Велешани покажаа голем интерес, особено граѓаните над 60 години. Деновиве се создаваа редици и граѓани за жал чекаа со часови за да бидат вакцинирани. Здравствените работени работеа во две смени. Последните дваесет дози на вакцина против сезонски грип беа пуштени на граѓани кои дојдоа во здравствената установа денеска до 10 часот откако вчерашниот ден беше неработен, рекоа од Центарот за јавно здравје.
Иако проценките дека ќе бидат доволни 800 вакцини состојбата покажа дека на Центарот му се потребни уште најмалку 500 вакцини. Од таму се сомневаат дека ќе можат да добијат нова количина иако не се откажуваат да ја побараат од државната институција
Инаку, вакцините со кои годинава велешани се вакцинираа се увезени од Белгија. Цената за една вакцина чинеше 400 денари./С.А