Коцевски ги објави првите констатирани злоупотреби на претходната власт: Бесправно користење возила, возачи и учество на администрацијата во агитирање на изборите
Поранешниот претседател на Советот на општина Велес, д-р Александар Колев и службено и приватно го возел автомобилот марка,,цитроен це 3“, го зарибал а потоа Општина Велес го продала. Оваа информација ја соопшти денеска Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски појаснувајќи дека Колев сторил двојна злоупотреба бидејќи возилото го користел спротивно на правилникот на општина Велес за користење на службени возила со кој изричито се забранува на располагање да има лице кое не е вработено во општината, службено а не приватно. Дека Колев ја имал оваа повластица во претходниот мандатен период недостасувале патни налози ниту написмено констатирана состојба на километража со која му било даден службениот автомобил.
– Го возел многу време за приватни цели, го зарибал , значи трајно го оштетил и потоа возилото е продадено на лицитација. Сега многу тешко се доаѓа до трагите. Истражуваме како да дојдеме до податоците колку километри се поминати затоа што не постои никаква евиденција дека возилото го користел за службени цели и нема патни налози. Мојот џенталменски предлог за него ќе биде да прифати да ја обештети општината за вредноста на амортизацијата на возилото, за горивото и за патарината. Доколку тоа не го направи ќе покренеме соодветни постапки за да го докажеме тоа по судски пат,рече Коцевски.
Освен д-р Колев возач, на сметка на општината имал и пратеникот Илија Димовски. Возачот прво бил вработен во општината а потоа станал пожарникар на Територијалната противпожарна единица во Велес.
– На овој начин, пратеникот Илија Димовски користејќи услуги на општинската администрација како што е личниот возач притоа штимајќи ги податоците како да го вози Градоначалникот за да му бидат признати прекувремените часови преку плаќање на прекувремената работа или добивање на слободни денови сериозно ја оштетиле општината и буџетот на Општина Велес.Ако се соберат овие пари тогаш ќе можеле да се реализираат многу изградени водоводи и канализации а можеле да бидат направени и тротоари и други нешта. А не се направени затоа што парите се одлеале таму каде што не треба, рече Коцевски.
Градоначалникот соопшти и злоупотреби на вработени од општинската администрација во корист на политичка партија во работно време додека траеше изборната кампања на локалните избори. Прво кажа дека на еден државен службеник од општинската администрација му бил запленет лап топ и службен мобилен телефон, втор државен службеник на работното место во општината бил фатен на дело кога ги менувал податоците во електронскиот систем за следење на работното време додека трет државен службеник пак како испраќал заканувачки и насилнички пораки.
– Ке цитирам порака на еден вработен во општинската администрација: „ Поздравете си го лидерот од Муртинот и тој што пушта паричиња од Амбасадата, најверојатно мисли на САД, пред да биде Велес двојазичен и нив и вас ќе ве бесиме на Сармаале“. Значи сега, јас треба со овој млад државен службеник, секојдневно да комуницирам и работам а тој мисли мене да ме беси на Сармаале, рече Коцевски.
Градоначалникот Коцевски додаде уште дека во изборната кампања вработени во општината во работно време на терен делеле политички флаери и агитираме за неговиот против кандидат. Истото го правеле и секретарот и подпретседателот на Општинската изборна комисија на Велес но, преку социјалните мрежи. Против сите нив беа најави соодветни законски постапки и поднесување на кривични пријави./У.Ј