Свечена заклетва на 33 генерација на војници доброволци во АРМ
Седумдесет и седум војници, од нив осум девојки, дадоа свечена заклетва во Командата за обука и доктрини во чиј состав е Центарот за индивидуална обука во касарната во Велес. Младите војници се на доброволно служење на воен рок од 33 генерација на војници во АРМ.
– Секоја работа има свој почеток и тежина, но со дисциплина се се постигнува. Имам одлични доноси со колешките девојки, не сум поштедена бидејќи тука сме сите исти и момчињата и девојките – рече неготинката Накова Цветанка. Таа има завршено средно хемиско училиште.
– Првите денови ми беше тешко, но потоа ми помогнаа старешините. И мојот татко и мојот дедо биле дел од армијата па затоа и јас одлучив да се пријавам за доброволно служење на воен рок. Во колку ми се укаже можност јас би сакал да станам војник од професионалниот состав на АРМ, рече Кадри Керими. Тој завршил средно училиште, гимназија а е роден во Средно Коњари.
На присутните војници, нивните семејства, поканети гости од локалната заедница се обрати потполковник Арбен Јакупи командантот на Центарот за индивидуална обука.
– Вие во наредните три месеци ќе ја поминете основната воена обука и со вас ќе работат врвни старешини.По успешно завршената обука вие можете да се пријавите за еден од конкурсите за служба во АРМ, рече Јакупи.
На војниците свечено дадената обврска им ја честитаа и директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски и Драган Николиќ државен секретар во Министерството за одбрана. /У.Ј