Земјотрес го стресе утрово Велес
Во градот неколку минути по 7 и 50 часот беа почувствани два потреси. Тие кратко траеја, по десеттина секунди, со временско растојание од околу три до пет минути.
Земјотресите особено ги почувствуваа граѓаните кои живеат во висококатниците. Но, не предизвикаа голема вознемиреност и паника. Нив ги почувствуваа и жителите во околните населени места на територијата на општината.
Според Европската макросеизмичка сакала интензитетот на земјотресите изнесува три степени.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е регистриран во 7:53 часот со рихтерова магнитуда од 2,5 степени кој потекнува од велешкото епицентрално подрачје.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 40 километри југоисточно од Скопје./У.Ј