Одбележан денот на Командата за обуки и доктрини на АРМ во Касарната во Велес
На 13 април, пред точно дваесет и шест години во касарната во Охрид тогашниот капетан Мухамед Рацај го пречекал првиот војник на АРМ, велешанецот Панче Јамандиев. Иако тој стигнал два дена порано бил пречекан од старешните. Сега по дваесет и шест години капетанот има чин генерал мајор и секако добро се сеќава на првата средба со Јамандиев, на сместувањето во касарната, на заедничкиот ручек и вечера во војничката менза, и на првиот прием од страна на градоначалникот на Охрид како и на средбата на првиот војник Панче Јамандиев со тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров. Тоа се почетоците на формирањето на Армијата на Република Македонија, вели денеска генерал-мајорот Мухамед Рацај .
Заменик началник на ГШ на АРМ, генерал-мајорот Мухамед Рацај
– Јас сум горд на тоа време затоа што освен создавањето на македонската армија покажавме одговорност. Јас раснев заедно со армијата, претходно како редовна а сега како професионална армија. Горд сум што останав во армија која е интерабилна и интероперативна со НАТО стандардите, рамноправна во вежбите со сите земји членки во воената формација. Од војнички аспект Република Македонија пред десет години требаше да биде членка на НАТО. Горд сум што зад себе оставам професионални војници, офицери и подофицери, обучени по стандардите на НАТО, подготвени ако затреба да ја бранат својата држава, внатрешниот интегритет и својот народ, рече заменик началник на ГШ на АРМ, генерал-мајорот Мухамед Рацај .
Наградени старешини на денот на Командата за обука и доктрини на АРМ во Велес
Поради Јамандиев, Командата за обука и доктрини на АРМ е сместена во велешката Касарна иако таа е формирана пред точно осумнаесет години на 15 април за што го празнува како свој празник. Генералот полтполковник во пензија Газафер Адил заедно со тогашниот командант на оваа Команда, Сокол Митревски ги примиле првите војници во Велес.
– Има голема разлика со денешната состојба затоа што на почетоците пред себе имавме писта полна со 500 регрути. По осумнаесет години сега едвај педесет војници доаѓаат да го отслужат доброволно војниот рок. Јас сум убеден дека интерес има кај младите но треба малку повеќе да се работи со младите и да се популаризира армија преку државните или приватните телевизии за да научат да бидат луѓе. После отслужувањето на војниот рок можеби ќе имаат и повеќе привилегии за вработување или во армијата или во некакви служби за обезбедување на приватниот сектор. Во најдобро сеќавање ми останаа моментите кога прв пат почнавме да ги пишуваме правилата и упатството на македонски јазик. Старешните не обрнуваа внимание на потребното време туку напротив работеа посветено и имаа цел да создадат што повеќе и попрецизни правила кои ќе се применуваат во обуката на нашите војници, рече Адил.
Полтполковник Колариќ од левата и Генерал Полковник Адил од десната страна на фотографијата
Пензионираниот Полтполковник Силвио Колариќ иако роден Хрват е само еден од повеќето офицери на поранешната ЈНА кои по распадот на тогашната држава СФР Југославија се определи да остане во Македонија и да биде старешина на АРМ. Тој е четвртиот Командант на Командата за обука и доктрини во Касарната во Велес.
– Тие денови за мене беа многу инпресивни и за нив говорам со големо задоволство зборувам за тие денови. Армијата во тогашно време и сега се разликува. Се сложувам со колегата Адил дека треба да се направи нешто за да се врати дел од старото време бидејќи времињата во кои живееме и моменталната ситуација на светот, опкружувањето ја покажуваат потребата дека мораме да имаме армија. Нема кој друг да ја брани оваа земја и територија освен армијата, рече Полтполковник Колариќ.
Гости на свеченоста по повод 15 април – ден на Командата за обука и доктрини
Тој е од малкумината старешни кои и по пензионирањето бил повикан и консултирана за документи кои се важни за обуките на војниците од страна на Генералштабот на АРМ. И Колариќ и Адил и Рацај сега искрено посакуваат наредниот јубилеј АРМ да го слави како членка на НАТО алијансата./У.Ј