Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Работниците на велешката фабрика за поправка на вагони Колска денеска повторно го прекинаа производството и два часа го блокираа железничкиот товарен и патнички сообраќај на станицата во Велес. Од ЈП Македонски железници Транспорт бараат втора половина на плата за месец март и покрај заостанати четири плати.

Со протест на Железничката станица во Велес во времетраење од околу два часа и со блокади на патничкиот воз за Битола, во времетраење од деведесет минути како и на товарниот воз за Скопје во времетраење од педесет минути, работниците на велелешка Колска повторно бараа исплата на плата. Протест го поттикна непочитувањето на договорот што ЈП Македонски железници Транспорт и Колска го постигнале на средбата кај вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, рече претседателот на синдикалната организација во Колска Слободан Димитриевски.

- На средбата беше договорено кога земаат работниците на ЈП Македонски железници - Транспорт плата да земеме и ние. Ние во моментов работиме на поправка на 34 товарни вагони и на еден патнички вагон. Првата половина јавното претпријатие ни ја исплати но, не и втората што ја зедоа пред неколку дена. Образложението на директорот Љубиша Ристиќ беше дека не ни префрлиле пари бидејќи сме немале доставено фактури, рече Димитриевски.

Тој тврди дека во суштина не станува збор за неиспорачани фактури од страна на Колска за сработеното туку за непочитување на договорот од страна на директорите на ЈП македонски железници.Затоа едно од барањата на денешниот протест е МЖ да им исплати втора половина на плата за месец март.

- Не бараме ништо друго освен почитување на договорот. Колска има две лански неисплатени плати, за месеците септември и октомври и три, за јануари, февруари и март од тековната година. Покрај тоа што не ги бараме заостанатите плати ние не можеме да земеме ни редовна плата до продажбата на фабриката, рече Димитриевски.

Инаку на последниот состанок одржан помеѓу вицепремиерот Анѓушев, директорите на ЈП Македонски железници и на Транспорт со преставниците на велешка Колска во Скопје било договорено дека фабриката за поправка и одржување на железнички вагони ќе се продава. /У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

 ССС
 Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 05/11/2018 година.