Невремето, денеска,скрши голема гранка во дворот на Здравствен дом и оштети два автомобили во Велес
Објавено на 6 мај, 2018 во 14:09
Силното невреме проследено со ветер и дожд што го зафати градот околу 14.30 часот е причина за скршената гранка од багремово дрво во дворот на ЈЗО Здравствен дом Велес. Дрвото е дел од парковската површина во дворот на здравствената установа по чија должина се паркираат автомобили и возила на Итната медицинска помош. Нема повредени граѓани.
Инаку, скршената големата гранка при падот зафатила и дрвена бандера, на која најверојатно се наоѓаат телефонски кабли, и која исто така паднала врз два паркирани автомобили на мини паркингот во дворот на здравствената установа популарно наречена Уред од страна на велешани.
Сопствениците на оштетените автомобили дополнително ќе ја утврдуваат штетата од кршењето на гранката и дрвената бандера./У.Ј