Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Protestenmars na VMRO 1fin

Неотповикливи отставки на Министрите Оливер Спасовски и Никола Димитров, првиот поради нерасчистени убиства, криминал и „црниот Вотергејт“ а вториот поради тоа што се срамел од „сопствената искомплексирана нација“. Владата да престане економски да ја опустошува Македонија и веднаш да го повлече предлогот за зголемување на даноците во Република Македонија. Да се почитува волјата на граѓаните, јасно искажана на 30-ти септември, за време на референдумот. Да се формира комисија која што ќе ги истражи, анализира и преслуша сите разговори снимени од аферата „црниот Вотергејт на Зоран Заев и Оливер Спасовски“ во која повеќе од 2 години биле слушани обвинители и судии да не избегаат од нарачаните судски пресуди и судски одлуки. Владата да покаже вистинска грижа за здравјето на граѓаните преку итното и безусловното продолжување на проектот за гасификација а не да ги крати парите од гасификацијата и да ги пренаменува во општини каде што градоначалниците на СДСМ и коалиционите партнери ги опљачкале. Овие барања ги упати лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски до Премиерот Зоран Заев и Владата од денешниот Протестен марш во Велес.

- Велеа, живот ќе донесат, темнина и црнила донесоа, порази на секој чекор и затоа овде од Велес каде што мене ми претставува особена гордост и чест да се обратам, од овој град-херој, ќе им порачам колку побрзо замините, толку побрзо ќе и се раздени на Македонија а тоа ќе го видите веќе на следните претседателски избори, “ рече Мицковски.

Тој додаде дека на ВМРО ДПМНЕ му била неопходна победа и ги замоли односно побара граѓаните да се приклучат кон Протестот на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ за да победат и да ја одбранат Македонија, тоа што останало од неа, за да можело да се врати изгубеното.

Protestenmars na VMRO2 fin

Мицковски упати критики кон владиното ветување за 5 % раст на БДП или како што рече постигнување од неколку проценти во услови кога целиот регион книжел двојно поголеми стапки, за зголемувањето на даноците оти владата не успеала да ја зголеми економијата со визија, проекти и структурни реформи но, имала за цел да ги осиромаши и земјоделците и граѓаните кои издавале недвижнини и тие кои играле игри на среќа и се обложувале или работеле со договор на дело затоа што директно удирале по џебот на граѓаните и на тој начин ги осиромашувале наместо да ги оданочеле тие што имале големи примања. 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, во исто време, предупреди дека 2019 година ќе била година на голема економска стагнација и пљачка на граѓаните чиј труд им бил тешко платен.

-Ќе ви кажат дека го поскапеле најефтиниот леб. Ќе излезе еден голем, висок функционер во владата на Зоран Заев и ќе каже го поскапевме само најевтиниот леб. Па како леб јадеме? Зарем има скап кој што е само за вас привилегираните и има најевтин кој што е за нас обичните луѓе? Зарем тоа го заслужија овие луѓе што ви дадоа доверба? Не го заслужија и затоа сме се побројни и затоа се повеќе не има во овој студен декември и ќе не има и до крај на декември и во јануари и во февруари, се додека не ве поразиме на следните претседателски избори, рече Мицковски.

Mickovski zboruva

Тој упати критики и кон македонското здравството за кое рече дека актуелната влада во изминатите 19 месеци шајка не заковала на она што било изградено во времето на ВМРО ДПМНЕ, за 3 % зголемување на акцизата која била причина граѓаните во Македонија да плаќаат најскапо гориво во регионот , за незагарантираниот откуп и пласман на земјоделските производи, за притисоците кон јавната администрација и бркањето од работа на неистомислениците посочувајќи го како пример отказот што го добил членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Игор Панделевски поради тоа што надвор од работно време ги критикувал политиките на министерот за земјоделство Николовски и соопшти дека денеска во Велес дознал дека еден куп Велешани биле повикани на информативен разговор во полициска станица и јавно праша за какво помирување зборувале Премиерот и Владата.

Мицковски го повтори барањето за телевизиски дуел со Заев и ја соопшти алтернативата на македонската опозиција, за како што рече, капитулантскиот договор за името со Грција.

-Па колку пати треба да го повториме. Што треба да направиме за да ти стане јасно кој е нашиот став. Нo еве ја алтернативата од градот на Гемиџиите кои што крв пролеале за Македонија. Ова ти го кажувам: алтернативата е кога ти ќе си заминеш тоа е алтернативата, рече Мицковски.

Протесниот марш започна на паркингот на велешката „Гимназија Кочо Рацин“ од каде демонстрантите продолжија да се движат по улиците „Благој Ѓорев“ и „8 Септември“ за да стигнат на плоштад „С`рмаале“. На протестот претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Игор Здравковски им се заблагодари на присутните демонстранти, за како што рече, кажаното „големо НЕ на ненародната Власт“ поради животот во време на обезличеност и потчинетост, на се што е македонско, на зборот Македонија и на македонскиот јазик.

Protestenmars na VMRO3 fin

-Оттука ќе тргне револуцијата која треба да ја собори оваа ненародна власт, која дојде насила и само да му наштети на македонскиот народ. Имаме еден градоначалник кој што ништо нема сработено, ниту една петина од капиталните проекти, ништо од ветеното. Ние ќе бидеме регулатори и ќе им кажеме каде им е местото. Мораме оттука да упатиме поздрав и до нашиот пратеник Панче Иванов и да го прашаме дали го слуша овој народ затоа што вие господине Иванов одевте против волјата на овој народ. Само 30% го поддржаа Референдумот а останатите рекое НЕ. А вие во Собрание си игравте играчки со нашите чувства, со чувствата на нашите претходници и со чувствата на нашите деца, рече Здравковски.

Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ ќе се издигне на пиедесталот каде што и било местото затоа што била единствената партија која се бори за идеалите на нацијата./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.