Анѓушев: Се подготвува Закон за практиканство со бенефиции и за средношколците и за фирмите
Се подготвува Закон за практиканство додека во државата, во два градови Кавадарци и Охрид, експериментално се спроведува концептот што на средношколците во приватните фирми им овозможува уште во средношколските денови да заработуваат плата со придонеси. Законодавецот предвидува практичната работа да се евидентира во практиканска книшка и учениците да имаат регистриран статус. Ги заштитува и фирмите во случај на повреди на практиканти. Законот цели да помогне учениците да бидат подготвени за работа а не како досега по завршување на средно образование, особено од стручните училишта, при вработувањето да се соочат со проблеми какви што се непознавање на производствен процес и слаби резултати.
-Мора да се регулира правниот статус на младите, на учениците, доколку се повреди и тој и менаџментот на фабриката ќе има проблеми. Со Законот статусот на ученикот ќе биде регистриран како практикант додека претпријатието ќе има обврска да му даде плата, минимална, како за практикант. Државата ќе ги плати платите за практикантите а не компанијата, рече заменик претседателот на владата за економски прашања Кочо Анѓушев.
Државата прави подготовки за воведување и на дуалното образование во образовните институции. Тоа значи пософистициран концепт на пракса што се реализираше во времето на социјализмот во Македонија.
Учениците што ќе се определат за дуално образование во прва година ќе одат четири дена на училиште и еден на работа, во втора година три дена на училиште и два дена на работа додека во трета година два дена на училиште а три дена на работа во компанијата.
-Ученикот на 16 години е вработен, зема плата, има договор со компанијата каде оди на пракса по завршувањето на образованието ќе биде вработен и однапред ќе му биде гарантирана платата, додаде Анѓушев.
Компаниите биле заинтересирани за воведување на дуално образование. Тие ќе имаат обврска да обезбедат училиници и место во компаниите за реализирање на праксата, програма за обавување на пракса и точно утврдени работни задачи. Експериментално овој концепт што е австриско – германци модел што од наредната учебна година ќе се реализира на територијата на државата./У.Ј