Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

crkvatanalevbregnaBabuna fin

Василиј Втори, византискиот цар, по завземањето на Македонија, како дел од Самоиловата држава, издал три повелби што се однесувале на правата и границите на Охридската архиепископија, кои се непроценлив извор и ја одсликуваат историјата на Велес. Повелбите се донесени во 1019, 1020 и третата околу 1025 година. Тие се драгоцен извор за историјата на Охридската Архиепископија.

За Велес како град е значајна првата повелба од 1019 година, кога за прв пат во пишан документ се споменува Велес под имињата Белез, Вележ како можни преводи и изговори од византискиот говор и писмо. Се споменува дека епископот од Битола бил назначен и во Пелагонија, со Прилеп, Дебреште, и Велес со „15 клирици и 15 парици“.

Ова е прво, директно споменување на градот Велес во средновековните записи. Податокот е краток, но значаен за Велес. Од него јасно произлегува дека Велес и велешкиот регион , уште пред распадот на државата на Самоил , влегол во состав на битолската Епархија, односно ја признавал јурисдикцјата на битолскиот епископ и Охридската Архиепископија.

Во втората половина на 11 век настапил мошне тежок период, не само за Велес, туку и за цела Византија. Во времето на владеењето на царот Алексиј I Комнин ( од 1081 до 1118 година), Византија се соочила со нападите на Норманите и Печенезите, кои биле полуномадски народ од Централна Азија, говореле на јазик на групата на турски јазици , како и со поминувањето на Крстоносците од Централна и Источна Европа преку територијата на Византија во Првиот крстоносен поход на Ерусалим и Палестина.

Не постојат многу пишани извори за овој период , но од она што може да се прочита и дознае, работите тргнале во овој правец: норманите кои владееле со Јужна Италија под водство на Роберт Гвискард заедно со неговиот син Боемунд Таренски, во 1081 година ги нападнале териториите на Византија. Тие се истовариле на јадранскиот брег и го завзеле големото византиско упориште, градот Драч. Потоа во 1082 година ја победиле византиската војска кај Јанина и навлегле на Балканот, освојувајќи ја Македонија, Епир и Тесалија. Во пролетта 1083 година македонските територии од Византија ја признале норманската власт.

Имено, норманите навлегле во Македонија од запад и ги завзеле Горен и Долен Полог, Пелагонија и на крај градот Скопје. Тогаш, од 1082-1083 година, Велес и велешко потпаднале под власта на норманите.

Но, во средината на 1083 година за прв пат царот Алексиј I Комнин ги победил норманите во битка кај Лариса. Потоа патот на византиците за продор во Македонија бил отворен, особено по битката кај Костур, кога норманската власт во Македонија била конечно ликвидирана и тие се повлекле повторно во своите упоришта во Јужна Италија. Една година подоцна македонските области и градот Велес, повторно се вратил под византиска власт.

Зошто го пишувам ова? Затоа што следејќи ги приказните, легендите, но и пишаните податоци до кои можам да дојдам, сакам да Ве запознам со некои непознати моменти и страници од историјата на тој мрачен среден век.

Ќе тргнам од една приказна која ја слушнав и запишав , а за која најдов и историска потврда од некои писанија за една тврдина, крепост или клостер, која се наоѓала во подножјето на ридот Свети Илија, попрецизно на неговата источна страна, веднаш до реката Вардар.

До ден денес, просторот спроти вливот на река Бабуна во Вардар, на левиот брег, граѓаните го нарекуваат Пресвета. За ова место се прераскажуваат приказни, кои повеќето се надреални, но во основа покажуваат дека ова место е интересно за истражување и сигурно дека дел од наводите , приказните и кажувањата се навистина точни. Многумина кои го посетиле и доживеале ова место кажуваат дека навистина е посебно затоа што зрачи со некоја посебна енергија. Фактите докажуваат дека од таму потекнуваат и првите градинарски производи, зеленчук, овошја и бобинести растенија во градот.

Постојат велешани кои ми раскажаа дека тој крај изобилува со желки. Велат дека имало случаи кога некој уловил од 10 до 15 желки, а веќе наредниот ден се вратил и донел од таму уште 20 желки! И се така цела недела ! 

Исто така, споредувајќи ги плодовите на капините од таа област, велешани велат дека се големи колку поголема бобонка поточно црница! Поголеми нема во Велес и велешко.

Од списи кои ги напишале крстоносци од Унгарија и Моравија минувајќи низ велешко , се дознава дека токму на тоа место уште на почетокот на походите во Првата крстоносна војна бил направен замок, тврдина или клостер, како што е запишано. Целта била таму да се одмораат и да соберат сила христијанските воини кои имале една цел да го завземат и вратат најголемиот христијански град Ерусалим и секако Христовиот гроб под јурисдикција на христијаните и на Рим.

svetaBogorodica fin

Икона со ликот на Пресвета Богородица

За начинот на кој го правеле тоа нема да зборувам, но се споменува дека тука, на местото наречено Пресвета, била изградена црква од бел камен, посветена на мајката на Исус - Пресвета Богородица. При враќањето назад пак во своите земји крстоносците оставале дел од нивното ограбено богатство како дар за црквата, во име на христијанството и на религијата.

До кога постоела, како исчезнала и што се случило со тврдината и црквата не е познато. Можни се неколку сценарија. Напуштена од жителите кои од неа доброволно заминале или тврдината била нападната, завземена и опустошена од војските на племињата или староседелците кои крстареле на овие простори.

Во Библијата пишува дека Пресвета Богородица ја посетила и Македонија! Ова го слушнав во градот Ефес, во Турција. „Куќата на Пресвета Богородица“ се наоѓа на планината Билбил на 420 метри над¬морска височина. Оваа куќа била откриена од лазари¬јанските свеш¬теници во 1891 година и во неа до денес постојано доа¬ѓаат на пок¬ло¬нение илјадници христијани, но и муслимани, од целиот свет.

Факт е дека култот на Света Богородица постоел и се задржал и понатаму на овие места, за што сведочи и манастирската црква во манастирот „Свети Димитрија“, за која веќе можеме да кажеме дека потекнува токму од крајот на 11 и почетокот на 12 век. Ќе биде интересно кога ќе завршат истражувањата околу ова црква и кога ќе се знае нејзиниот ктитор, градителот и мајсторот кој ја животописувал преубавата мала црква. Која е врската, дали постои поврзаност и каква, меѓу култот на славење на Света Богородица треба да се доистраќи. Впрочем од памтивека, оваа црквичка е средиште на православието во Македонија и пошироко, токму на празникот посветен на Света Богородица, наречен „Источен петок – Балаклија“. Тоа е денот на трите свети води , кои ги осветува Христовата мајка и тие стануваат тој ден лековити.

Jaja fin

Јаја капетан

Во една пригода, во разговор со мој пријател од велешката, стара, турска фамилија Малик, успеав да запишам приказна за Малик Комбаши, предок на семејството кој живеел пред крајот на 19 век и на почетокот на 20 век. Семејството Малик многу одамна е дојдено во Велес од Србија.
Малик Комбаши бил брат на Јаја Капетан, познат и заслужен соработник на водачот на Младотурската револуција, Кемал Ататурк. Јаја бил вметнат во редовите на Унионистите, кои се бореле ротив младотурците и неговите информации помогнале во ликвидирањето и слабеењето на нивните противници. Ататурк многу ги ценел неговите заслуги и во една пригода дури го дарувал со својот прстен, кој го симнал од раката. Кога Јаја бил откриен и ликвидиран, Ататурк со долг и содржаен говор на неговиот гроб, ги разубедил сите што за него мислеле дека е предавник.

Јаја Капетан е прогласен за народен херој на Република Турција , еден од седумтемина кои се родени во Велес.

За братот на Јаја, Малик Комбаши се знае следново дека бил одметник, платен убиец и цел живот го поминал бегајќи и криејќи се пред потерите на власта. Тој имал коњ кој бил многу интелигентен и често пати го спасувал својот господар, предупреувајќи го за заседите и нападите.
И тука некаде, братот на Јаја, Малик Комбаши го поврзувам со месноста Пресвета!

Имено, тој заробил еден христијански свештеник, кој за да се спаси му кажал тајна дека доколку копа во земјата на Пресвета, на одредено место, ќе најде злато останато од стара црква што одамна се наоѓала таму! И јас се прашувам дали била посочена можеби црквата на Пресвета Богородица?

Понатаму, вели изворот, се знае дека Малик Комбаши навистина откопал два товара злато. За тоа го известил и семејството кога му соопштил дека заминува за Турција. Оттогаш никој повеќе не слушнал за него! Вистина, приказна или мит? Времето ќе покаже.

Приказните и фактите многупати се испреплетуваат. Понекогаш приказните се прераскажуваат а велат и прикажуваат на јаве. Можеби, поттикнат од приказнава некој друг ќе истражи и напише и нешто повеќе за местото и за црквата.

Пишува : Љупчо Данов, хроничар

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.