Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Foto Veles vo 1866

Велес како град многу напредувал демографски од 16 до 18 век, кога поради механички прилив се населиле многу пребегани христијани, но и муслимани од поблиските и подалечните села на велешката нахија. Ова пред се` се должело на несигурноста, грабежите, убиствата и зулумте што ги правеле агите и беговите, како дел од владеачката структура, но и многубројни пљачкашки банди и дружини, одметнати од централната власт, која и не била многу ревносна во заштитата на своите поданици.

Велес пораснал и поради пазарот, на кој се купувала и се тргувала секаква стока – од земјоделски, градинарски производи, се до занаетчиски и услужни дејности кои биле барани во чаршијата.

Во пазарните денови запишано е дека градот се раздвижувал и дека преку 2000 пазарџии стасувале од околните села, носејќи земјоделски производи, а се враќале назад со занаетчиски производи и трговска стока неопходни за работа. Таа размена на добрата била на обострано задоволство и на домаќините, но и на пазарџиите кои доаѓале тука, тргувале и преноќевале во ановите, а следниот ден, по виделина се враќале во поголеми групи во велешките села.

Многумина намерници во разни периоди и од различни причини, минувајќи низ Велес пишувале и ги броеле куќите, дуќаните, христијаните, муслимание , ромите и власите.

Foto Veles pazar i desna strana

Но, најреалните податоци за Велес доаѓаат од пописите кои турската држава редовно ги правела со цел да ги преброи своите поданици, дуќаните, стоката и имотите. Врз основа на овие пописи се одредувале даноците, што биле и основа на тимарско- спахискиот систем кој долго време владеел во феудална Турција.

Ќе се осврнам на еден од последните сеопфатни и би рекол попрецизни пописи од 1866 година. Тоа официјално е турско статистичко пребројување на населението од Велешката каза. Иако не е до крај прецизна, ова статистичка операција за 1866 година наведува дека во Велес тогаш живееле 12.900 граѓани христијани во 2204 куќи. Истовремено во 1.002 муслимански куќи живееле 4.960 муслимани. Во 59 велешки куќи живееле Власи, а во 53 куќи 274 Роми. Или вкупно, Велес имал 3.259 куќи со 18.134 жители. Во оваа бројка не влегувале околу 500 дуќани, магацини, мануфактури, мали фабрики, работилници и слични објекти.

Во Велес тогаш имало 25 анови или гостилници, 28 фурни, 20 кафеани, 30 бакалници, 18 мануфактурни работилници, 20 терзии, 16 бојаџилници, 14 абаџии, 13 сарачи, 20 грнчарници, 12 кожухарници, 11 касапници, 18 кондураџии,10 работилници за сирење, 10 самарџии, 10 табакџилници, 8 работилници за свеќи и сапун, 8 мутафџилници, 8 бочварници, 8 крпачи, 4 калајџии, 7 леблебиџии, 4 железари, 5 берберници, 14 налбати -ковачи, 12 брашнарници, 14 пастрмајџилници, 3 казанџии, 3 сарафи, 3 аптеки, 2 чизмарници, 3 џамџии, 3 јорганџилници, 3 златари – кујунџии, 3 чибукчилници, 3 памукџилници, 3 шарлаганџилници, 1 басмаџилница, 1 книжара, 1 бања - амам, 2 фустаџилници, 2 кадифџилници, 2 колари, 25 продавници за лубеници, 20 продавници за зеленчук, 2 безистена, 20 сергии за овошје, 2 кантарџилници,4 столари, 3 бакарџилници, 3 туларници, 2 медари, 3 солари, 2 книговесци, 2 валалници, 3 тенекиџии, 6 опинчари, 5 млекарници за продажба на млеко, 3 кебапчилници, 3 часовничари, 6 опинчари, 1 погачаџилница, 1 валавица, 10 воденици, 30 трговии на големо, 20 магацини, складови и амбари, 2 адвокати и писарници, 2 пошти и телеграфи, 1 кула со часовник, 1 судница, 1 конак за кајмакамот, 1 зграда за кадијата, 2 згради за муфтиите, 55 продавници за тутун, 1 митрополија, 5 плоштади, 1 големо пазариште.

Foto Veles pazarot 1866

Покрај ова богатство на податоци, се наведува дека во Велешката околија имало 89 села со 3.569 куќи во кои живееле 21.343 словенски христијани, во 377 куќи живееле 1.890 исламизирани христијани, во 805 куќи живееле 3.895 Турци, во 518 куќи имало 2.513 Албанци и 860 Роми живееле во 156 куќи. Или во вкупно 5.425 селски куќи живееле 48.635 жители на села.

Овој попис се смета за најпрецизен попис направен во Велес во втората половина на 19 век.

Следните два пописи се од 1885 и 1892 година, но не се целокупни и прецизни.Според нив Велес тогаш имал околу 1.900 куќи со христијанско население, 1.200 куќи со муслиманско турско население, 80 влашки и 100 ромски куќи.

Ако бројките ги изразиме во проценти тогаш од вкупниот број на жители во градот 67% биле христијани и 20,7 Турци. Останатите 12,3 % биле Власи, Роми и Албанци.

На крај уште една занимливост. Имено во 1890 година во Велес се издадени 3.800 пасоши за заминување на месното население на печалба. Бранот на печалбари се однесувал на соседните земји, на европските, но и на прекуокеанските земји, најчесто во Америка.

Љупчо Данов

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.