Дума.мк започнува со постирање на интервјуто, вестите и приказните подготвени од гимназијалците во Велес, учесници во проектот „Читај и меѓу редови“ на Фондација „Фокус“
Регионалниот веб портал „Дума.мк“ и регионалната телевизија КТВ од Кавадарци во изминатите седум месеци беа медиумски поддржувач од Велес и партнер од Кавадарци, на проектот „Читај и меѓу редови“ што Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ го спроведуваше во велешката „Гимназија Кочо Рацин“ и во кавадаречката гимназија „Добри Даскалов“. Преку проектот вкупно 86 ученици, од двете училишта, беа медиумски описменувани со цел да направат разлика помеѓу дезинформација и точна, навремена и квалитетна информација како и да градат критички став.
Завршен настан на проектот „Читај и меѓу редови“ на Фондација „Фокус“
Средношколците, освен едукација спроведена преку два Средношколски форуми, првиот во Велес и вториот во Кавадарци, како и на по три едукативни работилници во двата града организирани во граѓански новинарски тимови ги посетија редакциите на медиумските поддржувачи за потоа да подготват вкупно 16 новинарски текстови, приказни и едно интервју. Осум од нив се телевизиски приказни додека останатите, наменети за веб порталот Дума.мк се вести, приказни и едно интервју.
Завршен настан на проектот „Читај и меѓу редови“ на Фондација Фокус
Фондација „Фокус“ проектот го спроведе во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска писменост – КриТинк“ спроведуван од Фондација Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии со финансиска поддршка на Европската Унија.
Промоција на телевизиски прилог на тема: Пожари во тиквешки регион“ подготвен од учениците од СОУ „Добри Даскалов“ во Кавадарци
Веб порталот Дума.мк започнувајќи од денеска ќе постира по еден медиумски производ создаден од учениците во Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес. Потоа ќе ги објави и подготвените медиумски производи на учениците од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци.
Марко Ингилизов, ученик во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ во Велес
Промотивно, денеска, ќе го постираме интервјуто што ученикот на велешката гимназија, Марко Ингилизов го подготви избирајќи ја темата одложување на судењата во Основен суд Велес. Ингилизов со соговорничката Габриела Гајдова, судијка во одделението за кривични предмети и портпаролка на Основен суд Велес, разговараа на темата зошто македонските затвори не ги носат на време притворениците и осудениците на судење.
Убавка Јаневска