Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Veles fin

Првата балканска војна започнала во 1912 година. Тогаш балкански сојуз склучиле Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора. Целта на Сојузот било ослободување на христијанското население од турските провинции Македонија, Албанија, Епир, Тркија, Санџак и Косово и Метохија, но и нивна поделба меѓу сојузниците. Во октомври 1912 година српската војска продрела во Македонија и го победила корпусот на Фети паша кај Куманово.

Во редовите на турската војска имало мобилизирани Македонци , кои дезорганизирано го напуштиле боиштето. Турците без отпор го напуштиле Скопје, а српската војска продолжила преку Катланово кон Велес.
Предходницата на српската армија на чело со подполковникот Душан Туфегџиќ преку овчеполието заминала на југ. Главнината на српската војска предводена од полковник Јован Викторовиќ на 18 октомври 1912 година без борба влегла во Велес. Потоа по текот на реката Тополка продолжила кон Прилеп. Поради брзото напредување и неможноста за редовно снабдување , српската војска преживувала берејќи го, како што кажувале „слаткото велешко грозје“ од лозјата!

Разбивајќи го отпорот на турската војска на Бакарно гумно, на планината Бабуна, српската војска продолжила кон Прилеп и Битола, каде се очекувал и најголемиот отпор на турците.

После големата битка на реката Шемница, кај Кукуречани, турската војска на чело со Џевит паша се повлекола кон Лерин.

Србија го окупирала Санџак, Косово и Метохија, голем дел од северна и централна Албанија и еден дел од Македонија. Бугарската војска на 8 декември, помогната од одредот на Јане Сандански со 500 четници го завзела Солун.

Поразената Турција на 3 ноември побарала примирје, а турската дипломатија предложила за Албанија и Македонија автономен статус под нејзин суверенитет. Големите сили предводени од Австро-Унгарија, Германија и Италија, плашејќи се од српскиот хегемонизам и излез на Србија на Јонско и Јадранско море , ја признале независноста на Албанија.

По Лондонската конференција во јануари 1913 година Турција ја продолжила војната, но загубила на сите фронтови. Таа ги загубила и Едрене, Јанина и Скадар, а по четири месеци, поточно на 30 мај, Турција дефинитивно била протерна од Балканот, се до Едрене и Цариград.

Значи Велес и велешко по 1913 година подпаднала под српска власт. Вештачко повлечените граници оневозможиле транспорт и трговија со Солун, а уништено е и земјоделието, сточарството , занаетчиството во градот.

Земјата на турците кои биле прогонети од Велес и велешко ја населиле со Законот за колонизација, колонисти од Србија и Црна Гора. Со тоа се променила и демографската структура на населението, а македонските селани го изгубиле и она земјиште кое предходно го поседувале.

Во Велес била изгорена целата општинска и земјишна документација, укинат македонскиот јазик, преименувани сите граѓани на – иќ, забранети македонските песни и ора, се со цел всадување на српска национална свест. Место прогонетите егзархиски свештеници и учители, биле доведени попови и учители од Србија, како и лекари, медицински сестри, српска полиција.

Наставата во училиштата во Велес била парализирана, а денационализацијата на Македонците продолжила. Сепак , најтешко поминале турците кои останале тука.

Познати се неколку случаи , кои се регистрирани во Велес , каде српската војска и полиција извршила терор над невиното турско население.

Уште при повлекувањето на турците од Велес, според кажувања и записи од представниците на Црвениот крст, колоната била запрена пред Градско и српската доброволна бригада извлекла од колоната стотина мажи, кои биле вратени во Велес и на Стариот мост дел од нив биле погубени и фрлани во Вардар. Ако навреме не реагирале повисоки српски офицери сите вратени турци ќе биле ликвидирани. Сепак, барем половината од тие луѓе се спасиле и со српски војници биле допратени до Неготино.

Veles1 fin

Исто така, според дневникот на американската лекарка Д-р Ета Греј , која била испратена во Велес е запишан еден карактеристичен случај во Велес. Еве дел од нејзиниот дневник, кој го водела додека престојувала во Велес:

„Мустафа, нашиот прислужник, беше многу лош голман, но немаше подобар муезин (пеач во џамијата) од него во Вардарска долина. Јасно како ѕвоно, неговиот глас заѕвони во мугрите, повикувајќи ги верниците да молитвата.

Веднаш по неговиот повик за првата утринска молитва петлите запејаа, па почна да грака гавранот.

Првиот пат кога го видов Мустафа тој носеше голем бел фес, костим со помошни безопасни и еден пар влечки без чорапи. Но, на минарето на месечината беше поинаков, човек – откровение!

Муезинот ја правеше најавата од минарињата во Велес двесте години пред јас да пристигнам од Плимут рок.

Според Мустафа, кога балканските сојузници го заземале Велес од Турците, сите зла од кои светот има претрпено – отпочнале! Тие го застрелале прво муезинот кој се појавил на минарето и почнал со повикот. Друг муезин излегол да продолжи со церемонијата и брзо бил застрелан. Третиот излегол, дигнал миса и се сретнал со истата судбина, а четвртиот излегол и го завршил повикот. Тоа бил Мустафа. Што ги натерало неверниците да престанат, тој не знаеше да каже!!? Или некој ги искарал или им снемало муниција, сметаше тој...“.

Се` на се`, Македонците станале „јужносрбијанци“, Македонија – „Вардарска Бановина“, а животот на македонскиот народ се обременил со присилна србизација, денационализација и назадување на духовниот и општествениот живот, пред се поради големото осиромашување и новите репресали што ги наметнал српскиот режим.

Во Велес тогаш се живеело „потешко одколку петстотини години турско“ велеле старите велешани.

Љупчо Данов, хроничар

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.