Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

drMilcoTrajkov fin

Почитуван граѓанин на Велес, член на Советот на Општина Велес, пратеник, пријател, колега, долгоогдишен волонтер на Црвен Крст и хуманист но пред се човек со големо срце полно со човечност и со ведар дух. Со овие зборови денеска се простија од прерано починатиот д-р Милчо Трајков неговите колеги од македонскиот Црвен Крст и Градоначалникот на Велес пред неговото семејство, присутните граѓани, колегите лекари од приватната ординација што го носи неговото име и од здравствените установи,пациенти, пријатели, волонтери на велешки Црвен Крст и уште од неколку други градови во Македонија.

Од името на граѓаните на Велес од него се прости Градоначалникот Аце Коцевски.

Komemoracijasalaodgrb fin

-Милчо, човекот кој се грижеше за здравјето на многумина граѓани, кој спаси многу човечки животи неможеше да си помогне себе си. Д-р Милчо Трајков пред се беше добар човек со големо срце, хуманист што сака да им помага на луѓето. Беше голем човек и заслужен граѓанин на Велес. Достоен добитник на највисокото општинско признание за животно дело „Гемиџии“. Тој е една од најзначајните личности на Велес во последните три децении, од последната деценија на минатиот век, до денес, оставајќи длабоки и неизбришливи траги на повеќе полиња на кои беше подеднакво успешен. Беше омилен и почитуван лекар за голем број на пациенти. Неговото визионерство и самодоверба беа пресудни да го напушти комотното јавно здравство и да отвори прва приватна ординација. Во одреден период беше активен и во политичкиот живот. Како член на СДСМ беше избран за член на Сооветот на Општина Велес а потоа заедно бевме пратеници во Собранието на Република Македонија во периодот 1984 – 1989 година. Беше директор на локалната установа „Меѓународен фолклорен фестивал Велес“. Најголем белег остави во работата на Црвен Крст Велес каде долги години беше Претседател, рече Коцевски.

Тој препорача младите и граѓаните да го следат примерот на д-р Трајков за општествена одговорност, волонтерски придонес за добробит на заедницата како силна морална вертикала.

Semejstvotona drTrajkov

Семејството на починатиот д-р Милчо Трајков

Претседателот на Црвен Крст на Македонија, проф. д-р Ромел Велев велејќи дека д-р Милчо Трајков, прерано си замина и притоа не им даде можност достојно да се поздрават и да му дадат должната почит, во името на младите и старите волонтери од најголемото хумано семејство во државата и во светот додаде дека неговата смрт претставува голема загуба за сите со кој д-р Трајков соработуваше, ги претставуваше, ги промовираше дома и во странство, во Меѓународниот Црвен Крст и црвената полумесечина.

-Како дома така и во странство, во Меѓународната Федерација на Црвен Крст беше исклучително ценет и како резултат на неговата посветена работа имавме чест да бидеме посетени од многу вискоки преставници на движењето за време на неговото претседателствување со Црвен Крст на Македонија. За време на вршење на функцијата Претседател беше особено горд на Сертификатот за силно национално друштво со што нашата организација стана прво сертифицирано друштво во движењето на светско ниво. Тој засекогаш ќе остане Претседател за нашите волонтери и вработени. Знаеше многу често да ги отвори вратите на својата приватна здравствена организација за волонтерите на Црвен Крст. Пари не смееја да се спомнат. Велеше вие сте ми фамилија и пријатели, така не доживуваше до последен ден , секогаш горд и достоинствен што е дел од движењето на Црвен Крст, рече д-р Велев.

KomemoracijadrTrajkovsiroka fin

Генералниот секретар на Црвен Крст на Република Македонија, д-р Саит Саити како најблизок соработник на д-р Милчо Трајков со кого го издигнаа националното друштво на исклучително високо ниво велејќи дека денеска тагуваат сите припадници на хуманитараната организација а еден од нив е и тој, додаде:

-Тешко е да се прифати вистината дека ти, Милчо, повеќе не си меѓу нас. Тешко е да се биде без тебе. Но, ти остави многу пријатели, задоволни пациенти, насмеани и мотивирани волонтери. Велат човек има три случувања во својот живот: да се роди, да живее и да умре. Не е свесен за раѓањето, пати кога умира и живее заборавен. Ти живееше како вистински пример за пример, за Црвениот Крст, за пријателите и можеби заборави да се посветиш малку повеќе на себе си. И самиот незнаеше колку беше голем човек. Саканите никогаш не умираат тие само се селат на небото затоа ќе живееш секогаш во нас. Ти благодарам што ме уверуваше дека добрината во луѓето постои, што ми покажа дека најголемите луѓе се и наједноставни, за се што ме научи, што ми дозволи да бидам дел од твојот живот. Голем човеку време е и ти да се одмориш. Не ги сакам збогувањата но со тебе денес морам да се збогувам. Искрено жалам што ќе морам да кажам: Почивај во мир мој пријателе, рече Саити.

Комеморативната седница по повод смртта на д-р Милчо Трајков се одржа во големата сала на Општина Велес.

FotografijadrTrajkov fin

Посмртните останки на д-р Милчо Трајков, специјалист по интерна медицина и субспецијалист кардиолог, денеска, беа изложени во Соборниот храм „Свети Пантелејмон“ во Велес по што беше извршен и погребот во семејната гробница./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново