Лазаревска Прличкова: Дали ставот и љубовта на г-дин Здравковски, напишан на ФБ, е став и на целата советничка група кон Груевски?
Советничката група на СДСМ и коалицијата секој вторник, од 12 до 14 часот, во зградата на Општина Велес ќе има приемен ден за граѓани. Средбите ги планирале за разговори, предочување на граѓански проблеми во ингиренции на Советот и барање на решенија за истите. На денешната прес конференција, во име на советничката група на власта, членот на Советот на Општина Велес, Пандорка Лазаревска Прличкова, информираше дека по нивни предлог Советот ја донел одлуката за именување на стадионот во Велес како ,,Градски стадион Зоран Паунов,, и изрази револт за напишан фејзбук статус на претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Игор Здравковски.
-Сакаме јавно да им се заблагодариме на сите велешани кои ни ја дадоа поддршката за оваа одлука. Велес има многу важни спортски имиња,но капитенот на Борец,човекот кој играше за Пелистер и Вардар достојно презентирајќи го Велес на домашна и меѓународна сцена,сметаме дека заслужува да биде патрон на Градскиот стадион. И додека ние гледаме во иднината,некои наши сограѓани се уште живеат во минатото. Имено,сакаме да изразиме јавен револт од фејсбук статусот на Претседателот на ОК на Вмро Дпмне, Игор Здравковски кој користејќи ги социјалните мрежи го величи делото на еден осуденик-унгарски азилант. Скандалозно е како новото општинско раководство на дпмне во Велес е заслепено од идеологијата на унгарскиот азилант Груевски. Од таа идеологија, која врз основа на извештаите на ЕУ, Македонија ја направи заробена држава, неуспеваат да се оттргнат актуелните, нови функционери и покрај тоа што нивни припадници, на претходното партиско раководство, од страна на СЈО се сомничат за злосторничко здружување, рече Лазаревска Прличкова.
Таа постави неколку прашања за опозициската советничка група во велешкиот Совет.
– Дали ставот и љубовта на г-дин Здравковски е став и на целата советничка група кон Груевски? Дали советниците на дпмне ќе се оградат од неговиот став- ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ или ќе признаат дека се заробени од една структура која ја донесе Македонија на работ на уништување?
Лазаревска Прличкова додаде дека советничката група на СДСМ и коалиционите партнери очекува од колегите од опозицијата во Советот на Општина Велес јавно да се произнесат пред велешката јавност и да се ограделе од „срамните постови на нивниот претседател Здравковски“./У.Ј