Протест против новото сообраќајно решение во Велес, градоначалникот Коцевски вели дека граѓаните не се во право
Држејќи транспаренти во рацете на кои пишуваше „Сообраќаен хаос во Велес“ и „Сообраќај нула – бизнис нула“ сопственци на 26 продавници на улиците „Алексо Демниевск Бауман“ и на „8 Септември“ застанаа на коловозот и еден час го блокираа сообраќајот.
Блокадата се одржа на раскрсницата под зградата на Македонски пошти. Вака демонстрантите се спротивставија на новото сообраќајно решение во градот кое засега се воведува со поставување на сообраќајни знаци, столбчиња на коловозот, кои не дозволуваат застанување или паркирање на возила на коловозните ленти пред нивните продавници. Демонстрантите тврдат дека не ќе можат да вршат дотур на стока во продавнците со што ќе им опадне прометот.
– Ние бараме да се укине новото сообраќајно решение и да се врати старото. Доколку не може да се врати старото сообраќајно решение да се подготви ново кое ќе овозможи на коловозот да има лента за паркирање за потребите на 26 сопственици на бизниси, рече Антонио Цилаков сопственик на менувачница.
Цилаков не спори дека и со старото сообраќајно решение возила на „Алексо Демниевски Бауман“ не смееја да се паркираат. На работ од тротоарите стојат поставените сообраќајни знаци кои се потврда за забраната но појаснува дека полицијата се до лани, до 22 декември, не ги санкционирала запирањата и паркирањата на возилата, комбињата и камионите од кои вршеле дотур на роба .
– Тука од овој тротоар до тријаголникот е 9 метри , значи три автобуси тука се разминуваат Што ќе смета тука паркинг лента? Значи можат да се направат две ленти плус лента за паркирање, додаде Цилаков.
Овие сопственци на продавници ја имаат поддршката и на станарите во кулата под зградата на Македонски пошти во која живеат дваесеттина семејства кои имаат само пет паркинг места како и од сопственци на продавнци на улцата „8 Септември“. Тие собрале вкупно 70 потписи против новото сообраќајно решение. За нв денешниот протест е предупредувачки, ќе продолж во наредните денови а постои можност и да се радикализира.
За градоначалникот Аце Коцевски барањето на овие граѓани не е оправдано. Општината нема да го прифати бидејќи новиот сообраќаен режиим бил производ на Планот за одржлива урбана мобилност и е во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот.
– И досега возачите кои ги знаат законите требаше да знаат дека десет метри пред пешачките премини е забрането паркирање како и во близна на крстосници, како што е местото за кое се бунат граѓаните и најавија протест. Всушност на тоа место, на почетокот на „Алексо Демниевски“, никогаш не било дозволено паркрање. Тоа што во изминатите години состојбата беше испуштена од контрола и никој не казнувал за застанување ли паркирање е друга работа, рече Коцевски.
Тој е длабоко убеден дека времето ќе покаже колку новите сообраќајни решенија се исправни и констатираше дека единствен недостаток било што градот сеуште нема решение за изградба на катна гаража и што доцни воведувањето на зонското паркрање. Општина Велес набргу очекува да се донесе Деталниот план што ќе овозможи изградба на катна гаража на паркингот кај Бифе скара „Хајдук Ингилиз“ со што се ќе треба законски да функционра. /У.Ј