(ФОТО) Велешанецот Дејан Петрушев и лани и годинава фаќач на Светиот крст во Велес
Исто како и лани така и годинава велешанецот Дејан Петрушев беше најсрекниот помеѓу седумдесет и еден пријавени скокачи по Светиот крст во водите на река Вардар. Меѓу нив годинава имаше и две девојки, велешанките Марија Давчевска и Ели Апостоловска.
Среќниот Дејан Петрушев, кој дванаесет пати скока по крстот и два пати го фаќа, сподели со сограѓаните неколку свои тајни. Првата се однесуваше дека минатата година му донела многу среќа и берикет на личен и професионален план. Втората дека денеска неговото семејство ја има куќната слава „Свети Јован Крстител“ и третата дека е особено горд на својот татко Тоше кој исто така бил повеќе пати скокач и четири пати фаќач на крстот во Велес а со тајфата и во Скопје па сеуште го чуваат во семејството подарокот кој се состои во Крст и ланец што им го подарил Поглаварот на МПЦ Господин Господин Михаил.
– Возбудата е голема и се поголема. Пресрекен сум и им посакувам на сите сограѓани кои скокаат, да успеат да го фатат крстот. Посакувам мир и благосостојба во секое домаќинство, спокој и љубов секому, само убави работи да ни се случуваат на сите нам. Лани дел од собранте средства од граѓаните ги подарвме и усреќивме детето Милош во семејство во селото Живиње, светиниколоско. И годинава дел од средствата ќе ги подариме во хуманитарн цели , рече Дејан.
Тој беше даруван со повеќе подароци од донаторите на манифестацијата „Богојавление“ во Велес. Од Македонската православна црква доби привезок златен крст и Библија. Првиот, од вкупно трите, телевизори Дејан и неговата тајфа го добија од годинешниот кум на манифестацијата бизнисменот Јосе Манев, сопственик на „Пескара Вел“ и со вредносен чек од 3.000 денари од кумот на наредната манифестација сопственикот на „Жито Маркети“, Joванче Ѓошевски.
Меѓу останатите донатори на Петрушев и неговата тајфа годинава се и ЈКП „Дервен“ со телевизор како и Аптеки „Зегин“, пакет вино од Винарија „Изворно“, уметничка слика од Фондација „Ангел Петров“, подарок од семејство Пепелашеви и од Етно сувенирница „Ноне“ како и икона на светецот Јован Крстител од иконописецот Гоце Василевски /У.Ј