Општина Велес става на располагање мобилни тимови за набавки на продукти за неколку категории на граѓани
Поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, Општина Велес формира мобилни тимови за помош на сите возрасни и изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на општината.
Услугата што ќе ја спроведуваат овие тимови се состои во набавување храна и лекови со сопствени средства на лицето кое ја бара услугата.
Мобилните тимови составени од волонтери на Црвениот крст од Велес, Територијалната противпожарна единица, вработени во Центарот за социјални грижи, општинската администрација и други волонтери, од денес 16 март 2020 година, ќе бидат на располагање 24 часа за овие категории граѓани. Целта е граѓаните од посеочените категории да не остваруваат непосреден контакт со останати луѓе и да се изложат на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (корона вирус).Тие ќе може да стапат во контакт со Мобилните тимови на следните телефони:
078 254 729
075 272 485 075 247 637
075 272 485 075 247 637
По јавувањето, во домот на нарачателот ќе пристигне мобилен тим, кој ќе ја прими нарачката, а нарачателот има обврска да му даде пари, за потоа да ги изврши бараните набавки и да му ги достави на нарачателот во домот, приложувајќи му фискална сметка за купените продукти.
Од Општина Велес потенцираат дека „Јавното здравје е заедничка одговорност“./У.Ј