Претседателот на Советот на Општина Велес д-р Ненад Коциќ: „Смирено и без паника, да не шириме лажни вести“!
„Да останеме смирени и без паника да им дадеме поддршка на здравствените работници да се справат со болеста“, напиша на својот фејсбук профил,денеска, претседателот на Совеот на општина Велес Ненад Коциќ, веднаш штом министерството за здравство ги објави информациите со новозаразените тројца велешани со коронавирус.
„После појавата на Корона вирусот и во Велес, што беше и очекувано, нема точка на Земјината топка што може да се изолира, ќе ве замолам, кажам, неколку работи:
1. Да им посакаме бргу оздравување на заразените и добро здравје на сите.
2. Бројот на заразени може и да се зголеми.
3. Сите максимално да се придржуваме кон препораките на Владата и Министерството за здравство.
4. Да не шириме лажни вести и дезинформации, не реагирајте на провокации од злонамерници.
5. Да останеме смирени и без паника да дадеме поддршка на здраствените работници во справување со болеста.
Ви благодарам, ќе победиме“, напиша Ненад Коциќ.