Полицијата ноќеска повторно лишила од слобода „шетачи“ за време на полицискиот час
Објавено на 27 март, 2020 во 10:49
Од слобода се лишени две лица во Велес, три во Кавадарци и две во Неготино ноќеска 26 кон 27 март 2020 година. Тие за време на полицискиот час биле на улица.
– Поради непочитување на полицискиот час против прекршителите на донесената мерка за заштита од епидемијата на „Ковид 19„ против седумте граѓани ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти СВР Велес./У.Ј